Ви препорачуваме
Утре нѐ очекува вистински спектакл на небото: Целосно помрачување на „Црвената Месечина“!
Астрономите ги повикуваат луѓето кои гледаат во ѕвездите едноставно да го насочат погледот кон исток. Целосното помрачување на Месечината заедно со т.н. супермесечина е спектакл, кој се очекува утре вечер или рано изутрина в понеделник, во зависност од тоа каде се наоѓате на планетата.
Тоа е комбинација, која не е видена од 1982 година и нема да се повтори до 2033 година, соопшти американската вселенска агенција НАСА.
