Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пласидо Доминго го освои Скопје: Гала концерт за паметење (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ФОТО: Прагма продукција / Фејсбук / Стефан Самандов

МК Сцена

Пласидо Доминго го освои Скопје: Гала концерт за паметење (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Светската оперска легенда Пласидо Доминго синоќа настапи пред преполната сала во „Борис Трајковски“, пренесувајќи ја магијата на оперската уметност на македонската публика. Со моќна интерпретација и емоционален настап, Доминго уште еднаш докажа зошто важи за еден од најголемите тенори на сите времиња.

Во придружба на реномираната сопранистка Марија Хозе Сири и под диригентската палка на Марчело Рота, концертот понуди импресивен репертоар од италијанската и шпанската музичка традиција. Оркестарот на Националната опера и балет, заедно со хорот, се погрижи за беспрекорно музичко искуство кое предизвика овации од публиката.

„Ова беше вечер исполнета со страст и емоции. Го чувствувам ентузијазмот на оваа публика и среќен сум што конечно настапувам во Македонија“, изјави Доминго по концертот.

Маркетинг

Концертот, кој траеше два и пол часа, ги вклучи најпознатите арии од Пучини, Верди и Белини, како и популарни оперетни мелодии на Штраус и Лехар. Публиката особено емотивно реагираше на неговата интерпретација на познатите дела, а завршницата беше проследена со долг аплауз и бис изведба.

И покрај незаборавната вечер, дел од публиката ја напушти салата пред крајот на концертот, што беше неочекуван момент за ваков престижен настан. Сепак, организаторите, Националната опера и балет и Прагма продукција, изразија задоволство од успешната реализација на концертот, кој беше поддржан од Министерството за култура и туризам и бројни спонзори.

This slideshow requires JavaScript.

Со повеќе од 150 солистички улоги, 4.400 настапи и 600 диригентски изведби, Доминго останува една од највлијателните личности во светската класична музика. Неговиот настап во Скопје е значаен момент за македонската музичка сцена, а љубителите на оперската уметност имаа привилегија да бидат дел од овој историски концерт.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.