Ви препорачуваме
Утринско туширање од 90 секунди ќе ве „наполни” со енергија
Ако наутро се мачите да се разбудите и ви треба дупло кафе за да функционирате, експертите советуваат нов метод од 90 секунди утринско туширање, кое ќе ве наполни со енергија.
Експертите од Академијата „Кериер Грл“ велат дека многу луѓе наутро се тушираат на погрешен начин. Топлата вода дополнително го успива организмот без оглед на тоа што од туш кабината ќе излезете во постудена просторија.
Тие советуваат да се туширате 30 секунди со студена вода, потоа 30 секунди со топла и повторно 30 секунди со студена вода.




