Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВЕЧЕРВА ПОСАКАЈТЕ СИ ЖЕЛБА: На Бадник се отвора небото, а само праведниците можат тоа да го видат

Занимливости

ВЕЧЕРВА ПОСАКАЈТЕ СИ ЖЕЛБА: На Бадник се отвора небото, а само праведниците можат тоа да го видат

Бадник не е само последниот ден од големите пости, туку и трепет исполнет со очекување да се роди Божјиот Син. Бадник е и еден од најважните семејни празници. Тој е посветен на домот, огништето, но и на починатите предци-роднини, кои исто така се сметаат за дел од семејството.

По старата традиција, пред да се нареди празничната трпеза на Бадник, господарот на куќата треба да го запали огништето со дрвце, наречено Бадниково дрвце велејќи: “Колку искри, толко пилиња, телиња и дечиња во овој дом!” Според традицијата, во денот кога се очекувало да се роди дете, мажот со палењето на дрвото, требало да ги истера духовите на починатите и лошите луѓе од куќата.

Во искрите од огнот пак се гледа каква ќе биде годината. Колку повеќе искри има, толку богата ќе е жетвата, кравите ќе се помлечни, а свињите – подебели.

Затоа јадењата што се служат на трпезата имаат за цел да донесат плодност и среќа во текот на целата наредна година. Празничната трпеза се става на слама на земјата во југоисточниот агол на собата под иконостасот. Бројот на јадењата треба да биде непарен, а најдобро 7 или 9, кои се свети броеви. Ако сепак се прашувате која опција да изберете, имајте на ум дека колку повеќе има на трпезата, толку поголемо изобилство ќе Ви биде обезбедено за следната година. Задолжително на масата треба да има храна која е посна.

На трпезата треба да го има сето она што се произведува во домаќинството: варено жито, варен грав, сарма, компот од сливи, кисели краставички, кромид, лук, мед и ореви, вино. Во некои краеви се прави и зелник и мало лебче во кое е скриена паричка (на кого ќе се падне, ќе биде среќен целата година). Во четирите агли на просторијата се става по еден орев. Ова се прави за да се осветлат четирите краишта на светот. Пред да почне вечерата на Бадник, најстариот маж во домот ја прекадува трпезата.

Се верува дека темјанот ги прогонува темните сили да не можат да вршат зла, во пресрет на Божиќ.

На трлапезата пред да се почне со јадење сите се фаќаат за лебот и најстариот член во семејство ги кажува зборовите: “Дојди, Боже, да вечераме”.

Секој треба да касне од сите јадења, за да му оди годината. Додека трае вечерата, никој не треба да станува од масата. Од слама, врз која сте вечерале, се врзуваат венци и ставаат на овошните дрвја, за да раѓаат изобилно.

Трпезата не се крева цела ноќ, за да не избега среќата. Се верува дека кога домаќинството ќе заспие, блиските покојници доаѓаат да вечераат. Кога ќе настапи полноќ и Божиќ, тогаш ќе дојдат коледарите и тогаш ќе се роди Христос.

Се верува дека на Божиќ небото се отвора и во еден момент се пали, но тоа сепак можат да го видат само праведниците. На Божиќ човек може да си посака било што, бидејќи тогаш желбите се остваруваат.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.