Занимливости
ВЕЧЕРВА ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ НА НЕБОТО: Ќе се појави огромна и сјајна супермесечина
Доколку погледнете вечерва кон небото, ќе сведочите на нешто навистина спектакуларно – огромна супермесечина, која ќе биде исклучително голема и сјајна, пишува Би-Би-Си.
Месечината беше голема и минатиот месец, но оваа ќе биде посебна, најголема и најсјајна од 1948 година.
За „супермесечина“ потребни се две работи – мора да е полна и мора да биде посебно блиску до Земјата.




