Видео
Магичните бои на Австралија видени од дрон
Иако дроновите се предмет на бројни контроверзи во Австралија, токму благодарение на нив настана и колажот од фотографии и снимки што ги прикажуваат далечните природни убавини на оваа земја кои малку кој патник ќе има прилика да ги види со сопствени очи.
Ден Прауд, фотограф од Квинсленд, направи компилација од снимки кои во период од неколку години ги забележиле дронови, што го надлетувале националниот парк Кариџини и гребенот Хамерсли во Западна Австралија.
