АЛЕКСАНДРА ПРЕНЏОВА: До вита линија и совршен баланс во организмот за 28 дена!
Здравиот и балансиран режим на исхрана е нешто што треба да се практикува секојдневно доколку сакаме да бидеме, пред сè, здрави, но, секако, и фит. Доколку во текот на годината понекогаш и си дозволуваме помалку здрава храна, тоа е во ред. Но, во екот на пролетта и во пресрет на летото се случува сите активно да почнеме да размислуваме на витата линија.
Без оглед за кој режим на исхрана ќе се одлучите, особено е важно тој да биде избалансиран, со присуство на избалансирано количество протеини, јаглехидрати, полезни масти и изобилство од свежа храна и течности.
Дополнително, знаеме дека функционалните јогурти што содржат природни пробиотици природно влијаат врз нашиот дигестивен систем. Затоа, Александра Пренџова, која е дипломиран нутриционист и технолог по исхрана, ви препорачува 28-дневен режим на исхрана на база на природен пробиотски јогурт што е наменет за подобрување на работата на дигестивниот тракт и цревната микрофлора, здраво намалување на вишокот килограми, како и постигнување севкупен баланс во телото преку прочистување и детоксикација со храна во циклус од 4 недели.








