
Ви препорачуваме
Втор Фестивал на светлината во Скопје
Втор Фестивал на светлината во Скопје
Во Скопската чаршија, на кејот на Вардар и во Градскиот парк од вчера до 1 јуни ќе се одржува вториот Фестивал на светлината (Skopje Light Art District) кој вчеравечер од 20 часотбеше отворен во Куршумли ан. Организатор е ЈУ Универзална сала со поддршка на Град Скопје.
Дваесет и пет уметници, уметнички здруженија и уметнички групи од земјава и од странство од 20 до 24 часот во четирите фестивалски денови на 18 локации ќе ги изложуваат своите дела, ќе ги изведуваат своите претстави и перформанси.
– Со инсталации и настапи во многу бои и светлина, „Skopje Light Art District“ и реномираните светлосни уметници кои ќе бидат дел од него, на присутните ќе им ги претстават фантастичните и митски суштетства и чудовишта кои магично излегуваат од крошните на дрвјата или се вешто скриени во некој дел од урбаната џунгла, светлечките дрвја, музичките перформанси, 3Д-проекциите и уште многу други светлосни атракции, соопшти организаторот.



