Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Bespoke екосистем: Samsung иновации на новата ера на домашни апарати

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Ви препорачуваме

Bespoke екосистем: Samsung иновации на новата ера на домашни апарати

Денес, нашите домови се сè пофункционални, а домашните апарати стануваат вистински придружници на нашата секојдневна рутина. Тоа значи дека домашните апарати мора да бидат дизајнирани, не само со функционалноста на ум, туку мора да понудат вистинска, практична вредност заснована на потребите и искуствата на потрошувачите. 

Bespoke визија

Од првото претставување на концептот Bespoke, Samsung лансираше нова ера во областа на домашните апарати. Наместо да се фокусира само на технологијата и функционалноста, филозофијата Bespoke ги вклучува и различните потреби, вкусови и начин на живот на клиентите, со што севкупното искуство го подига на следното ниво. Оваа визија се протега низ целиот дом бидејќи поврзувањето е во центарот на секоја иновација на Samsung, придружена со впечатлив дизајн кој ги освојува срцата. Од фрижидери до машини за перење, секој производ на Samsung поминува низ строги тестови за квалитет за да се осигура дека работи беспрекорно со години. 

Bespoke фрижидери нарачани – безвременски стил и супериорни функции

Дизајнерите на компанијата Samsung не размислувале само како да го направат дизајнот на фрижидерите Bespoke што е можно поквалитетен, туку и како да складираат што повеќе храна во него. Благодарение на исклучителната технологија SpaceMax, просторот за складирање е значително поголем, додека потрошувачката на електрична енергија останува иста. Исто така, посебно внимание беше посветено на подобрување на карактеристиките, за да ги задоволат потребите на најпребирливите корисници. Уникатниот All-Around Cooling систем рамномерно ги лади сите намирници, така што тие ја задржуваат својата свежина подолг период, додека технологијата No Frost одржува стабилна температура и спречува формирање на мраз.

Забавата и дружењето со саканите ќе биде уште поубаво со разладените пијалоци и мраз, благодарение на функцијата Power Freeze која ја поставува најниската температура за замрзнувачот. Доколку сте заборавиле да го изладите виното, не грижете се, постои опција Power Cool која интензивно ги лади пијалоците и храната.

Bespoke Jet – правосмукалка за чист дом секој ден за вас и вашите домашни миленици

Со доаѓањето на пролеттните денови, доаѓаат и пролеттните алергии на кои сме уште повеќе изложени кога го проветруваме нашиот дом, а освен тоа неизоставен дел е и прашината која влегува од надвор. Конвенционалните правосмукалки испуштаат големи количини прашина за време на работата, па буквално додека темелно ја собирате целата нечистотија од подот, таа на крајот повторно завршува во воздухот.

Од друга страна, безжичната Bespoke Jet правосмукалка од Samsung ви овозможува да уживате во беспрекорно чиста куќа, а благодарение на мултициклонската филтрација на воздухот, ефективно ги задржува малите честички од прашина, што ќе го одржува воздухот во просторијата хигиенски чист исто како и подовите. Нема да имате проблем да го испразните садот или да ја смените кесата, бидејќи садот треба само да се исплакне со вода и веднаш можете повторно да го употребите. Безжичната правосмукалка Bespoke Jet овозможува целосна слобода на движење низ просторијата за време на чистењето и ефикасно ги чисти влакната од милениците и прашината од секакви подови благодарение на мекиот валјак на четката Jet Dual кој собира влакна од милениците и прашина од тврдите подови. Најлонските и гумените остри влакна ефикасно ги собираат влакната од миленците и го подобруваат чистењето теписи, особени бидејќи ротираат со 4.000 rpm. Ротирачката глава од 180 степени ја менува насоката, а барабанот се отстранува со само еден клик. Бидејќи правосмукалката е безжична, не треба да се грижите каде е вашиот штекер или да ги влечете каблите наоколу.

Целосно наполнетата батерија ќе ви обезбеди автономија на чистење од еден час, а доколку го користите уредот подолго од тоа, лесно можете да ја замените батеријата со друга, со што ќе го продолжите времето на работа на повеќе од два часа. All-In -One Clean Station ќе се погрижи батеријата да е секогаш полна и подготвена секогаш кога ви е потребна! 

Паметни машини за перење со AI – за чиста и миризлива облека, но и заштеда на енергија

Имате важен состанок и немате чиста кошула? За ваша среќа, паметните машини за перење со AI Samsung имаат програма за Super Speed, благодарение на која можете да ги перете алиштата за само 39 минути. Со дополнителни иновации како што е функцијата Eco Bubble, моќното чистење е обезбедено со мешање на вода, детергент и воздух, што создава моќни меури дури и при ниски температури. Брзо продираат во ткаенината што ја перете и лесно ја отстрануваат нечистотијата, зачувувајќи ја нејзината боја и мекост, притоа заштедувајќи енергија. 

Речиси сите вкоренети нечистотии, грини и бактерии, вклучувајќи ги тука и нечистотиите предизвикани од вашето домашно милениче, ќе бидат елиминирани благодарение на хигиенската пареа Hygiene Steam Cycle што се ослободува од дното на барабанот и која овозможува секој предмет темелно да се измие. Благодарение на технологијата QuickDrive, повеќе не треба да се грижите за извршување на програмата кога потрошувачката на електрична енергија е поевтина, бидејќи оваа технологија го скратува времето на перење за 50% и заштедува 20% од енергијата со истиот квалитет на перење.

Паметна машина за сушење – целосно сушење на алиштата за само 35 минути

Доколку претходно сте го испрале омиленото парче облека и сакате да го носите што е можно поскоро, машината за сушење на Samsung го намалува времетраењето на сушењето до 35%  со активирање на Quick Dry програмата. Програмата SuperSpeed ​​може да се користи истовремено и за сушење на памук и синтетички материјали, кои се сушат за само 81 минута, а доколку имате и машина за перење со оваа опција, можете да ги исперете и исушите алиштата со тежина од 3кг  со помош на центрифуга за 39 минути.

Благодарение на високата температура на сушење и програмата за хигиенско третирање на материјалот, можете да се збогувате со микробите. Исушените алишта излегуваат од машината без набори и нема потреба од пеглање. Со вклучување на опцијата за спречување на набори, по завршувањето на програмата за сушење во следните 3 часа, се активира спорадично вртење на барабанот без топлина, што спречува жешките алишта да се натрупуваат на едно место предолго, што би создало набори на ткаенината. Ако свежината на вашата облека е исто толку важна како и чистотата, технологијата Air Wash исто така ќе ја освежи вашата облека. 

Уредите за домаќинство од линијата Bespoke Home се идеални за домови со домашни миленици

Сопствениците на домашните миленици повеќе не треба да се грижат да тоа како бргу и темелно да го чистат својот дом од несаканите влакна од своите крзнени членови на семејството, ниту пак како да ја одржуваат хигиената на својот дом на високо ниво. Компанијата Samsung токму за нив, ги опреми своите уреди за домаќинството со низа интелигентни функции олеснување на живеењето со домашните миленици. Покрај правосмукалката Bespoke Jet за беспрекорно чистење на дом со куќни миленици, и Bespoke AI Laundry машините за перење и сушење, можеби најиновативниот производ е роботската правосмукалка Bespoke Jet AI,    која освен што темелно ќе ги исчити сите подни површини од нечистотии и несакани влакна, таа претставува и дополнителен пар очи со низа Pet Care функции, до кои лесно можете да пристапите преку апликацијата SmartThings на вашиот  паметен телефон. Можете да го следите чистењето во просториите, да одредувате кои простории да се чистат и да внимавате на вашето милениче. Идеално, зарем не? Но тука не застанува приказната за Bespoke уредите кои ги земаат предвид домашните миленици. Прочистувачот на воздух Bespoke Cube Air Purifier ги задржува прашината и првутот од затворените простории, особено во пролетните месеци кога нивото на овие честички е високо. Bespoke Cube има специјална функција Pet Mode која може да ги опфати фините влакна на домашното милениче, големите и малите честички прашина – со филтер што зафаќа 99,97% од ултра фината прашина, како и непријатните мириси, така што секој член на домаќинството може да ужива во чист воздух.

Купете Samsung уреди за домаќинството сега, додека се уште трае промотивната понуда! 

Samsung мисли на вас и на сите ваши потреби кои го сочинуваат вашиот животен стил. Токму сега е време да купите нови апарати за домаќинство и да ги искористите последните денови од акцијата на одредени Bespoke производи и да заштетите до 30%. Со одредени Bespoke машини за перење, сушење или комбинирани машини за алишта, и машини за миење садови добивате гаранција до 5 години. Доколку се одлучите за Bespoke Jet правосмукалка или Jet Bot роботска правосмукалка, добивате гаранција до 3 години. Повеќе информации за промотивната понуда на Samsung дознајте тука

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.