Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Како до чист дом без влакна од миленици?

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Ви препорачуваме

Како до чист дом без влакна од миленици?

Луѓето се почесто се одлучуваат во своите домови да внесат уште еден член, но овој пат тоа е крзнено милениче кое дополнително го разигрува секојдневието и внесува повеќе радост во животот на сите дома.

Но, со него доаѓаат и дополнителни обврски кога станува збор за одржување на чист дом и здрава средина, а специфичните потреби што ги има секој крзнен пријател, налагаат поголема грижа и повеќе обврски. Имајќи го ова на ум, компанијата Samsung ги опреми своите уреди за домаќинството со низа интелигентни функции кои сигурно ќе ви го олеснат животот со вашите домашни миленици.  

Bespoke Jet правосмукалка ќе отстрани сé од површините, од влакна до најситната прашина  

Зачудувачки е каде сé низ домот можете да најдете влакна од вашето милениче – по ќошевите, позади комодата, под фотелјата, дури и на места каде што миленичето нема пристап.  Без разлика дали сакате детално и длабински да го исчистите домот по пролетното митарење на вашиот домашен миленик, или едноставно да го разубавите пред да пристигнат гостите, правосмукалката Bespoke Jet™ Complete ќе ви ја заврши тешката работа. Нејзините моќни перформанси, придружени со алатката Pet Tool и повеќеслојна четка Jet Dual Brush, како и повеќеслојниот систем за филтрирање кој отстранува 99,999% од ситната прашина и ја намалува изложеноста на алергени, се дизајнирани токму за семејства со домашни миленици. Без разлика за каков под станува збор во вашиот дом, несаканите влакна од него ќе ги собере мекиот валјак на четката Jet Dual со помош на нејзините најлонски и гумени остри влакна, кои дополнително го подобруваат чистењето и на теписите бидејќи ротираат со 4000 rpm. А сета насобрана прашина, дури и онаа недостижната ќе исчезне благодарение на огромната моќ на вшмукување до 210W и функцијата Jet Cyclone која ја чисти и најситната прашина. 

Дополнителен пар очи вперени во вашето милениче и во просториите за чистење кога не сте дома

Честопати кога не сме дома се прашуваме што прават нашите миленици додека нé чекаат да се вратиме. Токму за ова идеална е роботската правосмукалка Bespoke Jet Bot AI+™, која што освен што самостојно ги чисти подните површини од нашиот дом, таа претставува и дополнителен пар очи со низа Pet Care функции, до кои лесно можете да пристапите преку апликацијата SmartThings на вашиот  паметен телефон. Така, без проблем ќе можете да ги одберете просториите во домот каде вашето милениче поминува повеќе време и вашиот Jet Bot AI+™ редовно да ги следи во режимот Home Alone. Функцијата Smart Cleaning која интегрира препознавање на предмети со вештачка интелигенција, 3D и LiDAR сензорите, ќе овозможат вашиот Jet Bot AI+™ да ги избегнува предметите на вашето домашно милениче како што се чинии за храна или омилените играчки – додека истовремено темелно ги отстранува влакната и нечистотијата од површините. Оваа роботска правосмукалка има уште една изненадувачка карактеристика: имено, ако препознае дека вашето милениче лае или плаче бидејќи е вознемирено или исплашено, таа може да реагира назвукот со пуштање класична музика, бел шум или други смирувачки звуци за да го смири вашето милениче. Одлична функција, нели? 

А што е со облеката на која остануваат влакна од вашето милениче секојпат кога се галите?

Подот не е единственото место каде од кое треба да се отстрануваат влакната од домашните миленици. Еднакво толку често потребно е да се отстрануваат влакната и од ткаенините, облеката, и неретко од омилените парчиња гардероба кои нашиот миленик во своите непослушни моменти ги искористил како место за дремење.  

Машините за перење и сушење алишта од линијата на Bespoke AI™ Laundry помагаат да се решат ваквите проблеми со влакната од домашни миленици со низа интелигентни функционалности, како што се препознавање на видот на ткаенината, големината на товарот, следење на нивото на валканост и др. Со технологијата Samsung EcoBubble™, не мора да се грижите дека постуденото перење ќе резултира со помалку ефикасно чистење. Дури и со ладно перење од 15°C, оваа технологија сепак ефикасно ќе го раствори детергентот и ќе го измеша со воздух и вода за да создаде меурчиња кои темелно продираат во облеката за да ги отстранат дури и најтешките дамки од вашите миленичиња. Допонително, моќниот Hygiene Steam Cycle ослободува пареа од основата на барабанот за уште подлабоко чистење, додека Air Wash ги освежува вашите алишта користејќи само супер-топол воздух за дезодорирање на облеката и постелнината за да се ослободи од секакви мириси кои ткаенините би можеле да ги задржат поради дамките направени од храна или од вашите домашни миленици. 

Прочистен воздух во секоја просторија за вас и вашите домашни миленичиња

Останување на прашината и другите не толку пријатни, а неизбежни мириси од домашните миленици, e значително важно за го одржувате на вашио дом чист и свеж, што продонесува за подобар живот и за подобро здравје.

За ова најзаслужен во вашиот дом ќе биде Bespoke Cube прочистувачот на воздух, кој помага во отстранувањето на ситната прашина и првутот од домашните миленичиња, особено во пролетните месеци кога нивото на прашина и првут се високи. За да воздухот кој го дишете во вашиот дом биде неверојатно чист и безбеден, овој прочистувач на воздух поседува повеќеслоен систем за прочистување: пред-филтер кој се пере и кој ги отстранува поголемите честички прашина како што е поленот и првутот од домашните миленичиња, филтер за дезодорирање со активен јаглерод, кој ги отстанува потенцијално опасните мириси, и ХЕПА филтрација со филтер за ултра-ситна прашина кој задржува до 99,97% од прашинките. 

Уредите за домаќинство на Samsung се смислено дизајнирани да ги задоволат потребите на различни домаќинства – вклучувајќи ги и оние со домашни миленици. Одржување на хигиена во вашиот дом на завидно ниво сега е лесно имајќи ги предвид бројните функционалности кои уредите на Samsung ги поседуваат, а кои се однесуваат на интелигентно чистење и темелна грижа за хигиената во домот во кој живеете со вашето милениче.

Сега е вистинско време да купите Samsung уреди за вашиот дом,  за кои сé уште трае промотивната понуда! 

Токму сега е време да купите нови апарати за домаќинство и да ги искористите последните денови од акцијата на одредени Bespoke производи и да заштетите до 30%. Со одредени Bespoke машини за перење, сушење или комбинирани машини за алишта, и машини за миење садови добивате гаранција до 5 години. Доколку се одлучите за Bespoke Jet правосмукалка или Jet Bot роботска правосмукалка, добивате гаранција до 3 години. Повеќе информации за промотивната понуда на Samsung дознајте тука

Повеќе за производите можете да прочитате на следниве линкови: 

https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/stick/vs9500al-vc-with-all-in-one-clean-station-white-vs20a95843w-ge/

https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/robot/vr9500t-white-vr50t95735w-ge/

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/washing-machines/ww9400b-front-loading-ai-ecobubble-ai-wash-bespoke-design-with-space-max-11kg-white-ww11bb944dghs7/

https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/dryers/dv9400b-dryer-a-triple-plus-energy-efficiency-ai-dry-9kg-white-dv90bb9445ghs7/

https://www.samsung.com/mk/air-care/air-purifier/ax9500n-wind-free-ax47r9080ss-eu/

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.