Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

“Motivi Fashion Melody” кампања со девојките од “Trinity Strings” за колекцијата пролет/лето’24

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Ви препорачуваме

“Motivi Fashion Melody” кампања со девојките од “Trinity Strings” за колекцијата пролет/лето’24

Модата е неизоставен дел од сите настани кои се поврзани со музика, филм, уметност… 

Затоа оваа сезона одлучивме да направиме спој меѓу модата и музиката за кампањата на италијанскиот бренд Motivi за колекцијата пролет/лето’24.

Женскиот бенд “Trinity Strings” го сочинуваат три прекрасни девојки, двете виолинистки Ирена Стојановска и Александра Мирсинова и виолончелистката Марта Куч, кои се и вработени во Македонска Опера и Балет. 

Тие со својот талент, убавина и квалитетна музика нудат нешто поразлично и уникатно, впрочем како што е и италијанскиот бренд Motivi. 

Во нашиот разговор тие зборуваат за нивниот стил, модата и инспирацијата.

  • “Trinity Strings” го сочинуваат три автентични жени музичари кои ги поместуваат границите на она што е веќе видено и слушнато. Освен што ве поврзува музиката, заедничко нешто за секоја жена е и модата. Може да ни го опишете вашиот стил:

Ирена: Стилот на “Trinity Strings” е софистициран и модерен, со елементи на класична елеганција и модерн стил. За мене лично најмногу зависи од фазата во која што се наоѓам. Многу сакам движење и промени, па често мојата духовна промена го менува и мојот надворешен изглед. (Како и на секоја жена 😀)

-Марта: Мојот стил на облекување е доста разновиден. Се зависи од самата пригода дали тоа ќе биде casual, елегантно, формално, ексцентричен или можеби ќе се направи некоја симбиоза од повеќе стилови.

Сандра: Мојот стил на облекување зависи од неделната агенда на настани. Во текот на неделата има денови кога сум слободна па тогаш можам да си дозволам фармерки со кошула или беж блуза со сако, додека во вечерните часови и на настани мојот стил е класичен или елегантен зависи од самиот настан. Претежно комбинациите ми се во црна тоалета и црвен кармин, но сега се повеќе сакам да комбинирам и да играм со други бои бидејки се чувствувам креативно и исполнето во модата.

  • Како би го поврзале вашиот стил со италијанскиот бренд Мотиви? 

Ирена: Италијанскиот бренд Motivi е познат по својата женствена и модерна естетика, што може одлично да се поврзе со стилот на “Trinity Strings”. Нивните дизајни, кои вклучуваат смели принтови и живописни бои, се совпаѓа со динамичната и авантуристичка музика на триото. Motivi исто така нуди елегантни и стилски парчиња што може да ги носиме на концерти и други настани, давајќи ни можност да ја изразиме својата креативност и индивидуалност преку мода.

Марта: Најпрво сакам да истакнам дека квалитетот на облеката е на многу високо ниво и можам да се пронајдам себеси во голем дел од иновативните модели на Motïvi. Ми се допаѓа тоа што има опфатено повеќе стилови за секакви пригоди и секако најновата летна колекција е преубавa :)

Сандра: Самото име на италијанскиот бренд Motivi за мене е одлична мотивација и причина да изгледам убаво и да се чувствувам пријатно. Секогаш сум инспирирана од италијанската мода, па така брендот Motivi ми дава можност и самодоверба да се чувствувам сигурна во себе.

  • Што е она што ве инспирира во музиката и вашата кариера?

-Ирена: Инспирацијата е неочекувана, во тоа е убавината. Од уметност, луѓе, напредокот во технологијата, позитивни и негативни искуства. Се дава искра за нешто ново или нешто што би нè одржувало во “перпетуум мобиле”.

Марта: Инспирација црпиме од нашите животи, од секојдневието, од културни дејствија исто така од тековните музички трендови и секако од класичните дела со кои буквално израснавме :)

Сандра: Секое комбинирано парче облека за мене е инспирација во музиката. Секако дружењето со девојките на самите настани се исполнети со смеа и забава па токму тоа ме инспирира да продолжам да креирам во музиката.

  1. На вашите настапи секогаш имате уникатен и интересен стајлинг, кој се грижи за тоа? Која од вас е модното гуру во групата :) од каде имате инспирација? 

Марта: Најчесто јас знам да им “досадувам” на девојките:)) додека сум по продавници постојано им ѕвонам  да им кажам што и каде сум видела или им испраќам по милион слики :))) но секако на крајот сите три се надополнуваме и ги финишораме работите заедно. 

Сандра: Комплетниот изглед на трите е договор помеѓу нас, а секоја додава по некој интересен детал во зависност од нашата фигура. Интересно е што нашите години се всушност наша инспирација и ги следиме актуелните модни трендови.

  • Може да ни раскажете како се носите со модните предизвици поврзани со вашата работа, бидејќи свирите на инструменти и истовремено треба да ви биде и удобно, и да изгледате совршено…

Ирена: Има смешни ситуации каде на пример, некој сериозен настан има повеќе правила во однос на dress code . Баш тој ден е на отворено и дува ветар, па се случило да мора да ставаме “безопасни “за да не се отвори шлиц, да летаат ноти, да треба да се качуваме некаде со многу високи штикли, да пловиме на практикабли во базен итн. 

Марта: Е тоа сами најдобро си знаеме:)) Секој инструмент си носи своја проблематика, како на пример моето виолончело. Некогаш знаат да бидат проблем парчиња облека со спуштени ракави или накит, па дали е тесно, дали е кратко, има ли шлиц итн :))) Мора да е прилагодено на инструментот и секако удобно за свирење, да изгледаме природно и да се чувствуваме убаво во самата облека што ја носиме :)

Сандра: Секој  настап за нас е моден предизвик. Во Опера кога имаме претстава нашиот dress code е елегантен со црна класична комбинација, додека пак на настаните на кои настапуваме можеме да си дозволиме повеќе фантазија, атрактивност кoja ги поместува границите на класиката во склоп со нашата музичка изведба. Секогаш се одлучуваме за модно парче кое е удобно за нас трите, бидејќи тоа ни дава слобода во настапите и идните предизвици.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.