Ви препорачуваме
Посетете ги пред да станат познати – престижниот „Конде Наст“ ја препорача Македонија како хит-дестинација!
Според луксузното списание за патувања “Конде Наст”, Македонија се наоѓа меѓу најевтините дестинации за патување во 2024 година. Во статијата, објавена во актуелното издание на магазинот, издвоени се четири регионални држави, вклучително Македонија, Албанија, Србија и Унгарија.
Македонија:
Статијата ја издвојува Македонија како дестинација со малку криминал, препорачувајќи задолжителна посета на градот Охрид. Охрид е опишан како град со улици со калдрма и необични цркви, што се очекува од еден европски град. Дополнителната предност на Охрид е неговата локација на крајбрежјето на Охридско Езеро.




