Ви препорачуваме
Parkland Hospitality Group одбележа 5 години од своето постоење
Паркленд денес официјално го одбележа 5-тиот роденден од своето постоење, по саботната ексклузивна вечер во новата градина на ресторанот Four и низа интерни настани и активности, во присуство на тимот на вработени, гости, пријатели и соработници.
5 години Парк Хотел и Спа, заедно со рестораните Four, Brick eat, Fitness & Spa Park центарот и Кетеринг услугите, 2 години од отварањето на Next door park хотел, под капата на Parkland Hospitality Group како едно семејство. Семејство кое од година во година созрева и станува се поголемо, благодарејќи на тимска работа, една визија која ја дели целиот тим и успешното заедничко чекорење низ сите искушенија. Семејство кое како што најавуваат сопствениците и менаџментот во блиска иднина ќе добие сосема нова зајакната корпоративна и структурна димензија, со цел уште повеќе да се зајакне квалитетот на работењето.
“Поминавме година на многу предизвици, изградивме многу нови мостови и темели, останавме доследни до тоа дека без континуирано надградување и инвестиции е невозможно да се одржи еден силен бренд и токму тоа и го направивме, затоа што нашите клиенти и гости го заслужуваат најдоброто. “-велат од менаџментот на Паркленд.






