Ви препорачуваме
Пристигнува „СКОПСКО IPL“ – првото крафт пиво од Пивара Скопје
Пивара Скопје започна со производство на ново пиво – „СКОПСКО IPL“, прво од ваков вид на македонскиот пазар. Најновата бренд екстензија на СКОПСКО претставува автентично „крафт“ пиво, што како термин во пивската индустрија се користи за пива со уникатни карактеристики кои се резултат на употребата на квалитетни состојки во производството и голема умешност и искуство на пивските мајстори.
„Раководејќи се од потребите и желбите на нашите потрошувачи, кои секогаш се во центарот на нашето внимание, како и од големото значење на СКОПСКО за домашната пивска индустрија, одлучивме да направиме уште една значајна инвестиција во неговиот развој. Веруваме дека со ова ќе дадеме дополнителен импулс за натамошен развој на домашниот пазар на пиво, што секако ќе има позитивно влијание и за целокупниот развој на македонската економија. На ваков начин, Пивара Скопје уште еднаш ја потврдува својата определба и посветеност кон долгорочен одржлив развој кој ќе ѝ овозможи и понатаму да го дава својот значаен придонес за просперитетот на целата заедница“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин.
Новото „СКОПСКО IPL“ е светло пиво, облагородено со силна арома и угодна горчина кои придонесуваат за неговиот неодолив, богат и лесно препознатлив вкус. Уникатните карактеристики на ова ароматично пиво произлегуваат од четирите видови хмељ, кои потекнуваат од три различни континенти, како и од рачниот „крафт“ процес за негово создавање кој трае две недели подолго од вообичаениот технолошки процес за производство на пиво.





