fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„ПромоСтејџ“ ги објави имињата на своите екслузивци

Ви препорачуваме

„ПромоСтејџ“ ги објави имињата на своите екслузивци

„ПромоСтејџ“ ги објави имињата на своите екслузивци

Македонската музичка сцена деновиве ja доби првата професионална ПР агенција, специјализирана за промоција, следење на настани, маркетинг стратегија, промоција на нови аудио и видео музички остварувања – „ПромоСтејџ“, а Викторија Лоба, Елена Ристеска, Антониа Гиговска, „Ај Кју“, Александар Тарабунов и „Либеро бенд“ се имињата на ексклузивците кои што веќе потпишаа договори и кои што се наоѓаат под нивна капа.

„Ова е шесторката со која што „ПромоСтејџ“ и официјално го означува стартот на својата приказна. Искрено се надеваме дека заеднички ќе успееме да дадеме придонес на домашната музичка сцена и дека македонската музика ќе ја вратиме онаму каде што беше. За старт имаме одлични имиња, талентирани, професионални и пред се искусни. Ова значи дека имаме добра подлога што е и повеќе од јасен показател дека сме на добар пат да ја оствариме нашата мисија, а тоа е повторно да се слуша македонска музика“, велат од „ПромоСтејџ“.

Инаку, „ПромоСтејџ“е комплетна специјализирана платформа која ќе поддржува 100% премиум македонска музика. Ќе ги обединува артистите и бендовите од различни категории и ќе овозможи професионално следење на нивната работа.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.