Ви препорачуваме
Со ChallengerДома, заштитете се од корона, седете дома и добивајте купони за попусти во 50 компании
#ChallengerДома e алатка која ги мотивира сите граѓани да останат дома и со тоа да го победат корона вирусот, велат од тимот на Challenger кои денеска ја лансираа нивната мобилна апликација која што можете да ја инсталирате преку продавницата за апликации на мобилните телфони, iOS или Android.
„Пандемијата не поттикна да креираме мобилна апликација за граѓаните што ја нарековме #ChallengerДома за да не мотивира сите во државава да остaнеме дома. Апликацијата користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома. Исто така за секој час што ќе го поминете дома ќе добиете таканаречени Дома поени што можете да ги размените за купони за попуст во локални македонски бизниси“ вели Олга Рајчиќ од Challenger.
Тимот додека ја креирал апликацијата сакал да има двојна добивка, како за граѓаните, така и за компаниите, кои претставуваат алка на синџирот во општеството, благодарение на Фонд за Иновации и Технолошки Развој.




