ЛЕТНА ДЕТОКСИКАЦИЈА: Најздравата диета со летни салати
Диетата со летни салати е одличен начин за детоксикација на телото и целиот систем за варење.
Траењето на диетата е 14 дена, а во текот на тие две недели треба да јадете храна која се состои исклучиво од зеленчук, овошје и лековити билки. Билното масло, солта и сосовите за вкус се дозволени, но подобро да не користите никакви дополнителни ароми.
За појадок можете да подготвите овошна салата од омиленото овошје. Можете да изберете јаболки, крушки, бобинки или било кое сезонско овошје. Сезонската овошна салата можете да ја јадете со сок од портокал или јогурт.







