Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тејлор Свифт и Тревис Келси се венчале во тајност? Една фотографија ги распамети обожавателите

Шоубиз

Тејлор Свифт и Тревис Келси се венчале во тајност? Една фотографија ги распамети обожавателите

Обожавателите на Тејлор Свифт шпекулираат дека пејачката тајно се омажила за ѕвездата на Канзас Сити Чифс, Тревис Келси, откако фотографија од венчавката на колегата на Тревис од тимот Чикаго Берс, Кол Кмет, стана вирална на социјалните мрежи.

Имено, организаторката на свадбата, Ели Нотоли, на својот Инстаграм стори, сподели детали од свадбата на Кмет, која се одржа минатата сабота, вклучувајќи писмо на кое пишува „Тејлор и Травис Келси“ и „Маса 13“.

Маркетинг

Нотоли објасни дека Тејлор и Травис присуствувале на друга свадба во Тенеси, но секој гостин добил плик, а новата сопруга на Кмет, Емили Јарош, им напишала љубовни писма на сите гости.

Фотографијата стана вирална, и додека некои пишуваа дека славната двојка очигледно се венчала во тајност, други истакнаа дека е вообичаена практика паровите да се наведуваат заедно на поканите и подароците, без оглед на тоа дали се во брак или не.

Тејлор и Травис, сепак, не присуствуваа на свадбата на Кол Кмет, бидејќи тој викенд присуствуваа на свадбата на роднина на Тревис.

Патем, извор близок до двојката неодамна откри за „Дејли меил“ дека Тревис би можел да ѝ предложи брак на Тејлор штом ќе заврши новата сезона во НФЛ и дека „вереничкиот прстен е само прашање на време“.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.