Ви препорачуваме
ВЛАДИМИР ЧАДИКОВСКИ: Ако возeњето мотори е втор пубертет, дај боже цел живот да ме држи
Муабетот со доктор Владимир Чадиковски, детскиот кардиохирург, не може да биде досаден. Сеедно дали е за хирургијата, љубовта кон моторите, времињата кога со „стокец“ фамилијарно оделе кај тетките во Италија, бракот, меракот по „Твитер“ и „Инстаграм“… За сè има по некоја приказна.
Последниве две години е моторџија. По долгите часови поминати во операциона сала, возењето мотор е издувен вентил за стресната работа. Вели дека има три мотори и куп кациги. Пасија за која раскажува со сто мераци.
„Веќе две години возам мотори и не можам да замислам да не возам. Легнувам и станувам со таа помисла. Моторџиите ми станаа другари и тоа се една посебна фела, кои се многу интересни. Практично, имам најмал стаж кај моторџииве, ама теоретски не им се давам“, раскажува доктор Чадиковски во интревју за „Репоортер“




