Магазин
Виното на „Стоби“ меѓу најдобрите „шардонеа“ во светот
Белото вино „Шардоне“ од бербата од 2015 година на винаријата „Стоби“ доби златен медал на 24. издание на Интернационалниот натпревар на најдобрите вина од сортата „шардоне“ во светот кој се одржа во Франција.
Беа оценувани 706 примероци од 38 земји меѓу кои и Јужна Африка, Австралија, Австрија, Канада, Чиле, Шпанија итн. Победниците беа избрани од страна на 300 вински стручњаци, а македонското вино доби златен медал кој е дополнителен доказ за неговиот квалитет.
Натпреварот се одржува веќе две децении со цел да се наградат најдобрите „шардонеa“ во светот. Идеата е да се истакне шареноликоста и богатството на ваквиот тип на вино како и да се создаде простор каде производителите ќе разменат искуства и контакти. На манифестацијата се промовира и научен пристап и се шират знаењата за „шардоне“.




