Промо
„Доаѓам по најдоброто македонско вино… и можеби по момче!“ – Милица со провокативна изјава!
Регионалната музичка ѕвезда Милица Павловиќ на 14 февруари ќе одржи спектакуларен концерт во „Јане Сандански“ во рамките на нејзината турнеја „Лав“. Покрај новите песни, публиката ќе ужива и во нејзините најголеми хитови.
На прес-конференцијата, која се одржа на 28 јануари, таа најави незаборавно шоу и откри дека ја обожава македонската музика, споменувајќи ги Тоше Проески, Каролина, Калиопи и Влатко Стефановски. Дури ја испеа српската верзија на хитот „Ледена“.
Милица призна дека не е во љубовна врска, но и дека е отворена за љубов и со насмевка изјави дека можеби ќе ја пронајде токму во Скопје. „Доаѓам по пакет најдобро македонско вино, а ако се пружи прилика, можеби и по момче“, изјави таа.




