Настани
Од утре почнува шестдневен „Базар на љубовта и виното“
Во пресрет на Свети Валентин – Денот на вљубените и пријателството и Свети Трифун – Денот на виното и лозјето, во организација на Скопје Сити Мол од 9 до 14 февруари ќе биде отворен шестдневен „Базар на љубовта и виното“.
На големиот базар ќе земат учество преку 50-тина современи ракотворци, a ќе се претстават и неколку мали домашни винарии.
Посетителите ќе имаат исклучителна можност да ги дегустираат македонските вина и да подарат за своите љубени уникатни креации, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци.




