
Магазин
ВИВА сокови започнуваат нова кампања – Направете го секој миг незаборавен! (ВИДЕО)
Конечно пролет! Она време од годината кога животот едноставно станува совршен. Оваа пролет, нашиот најпрепознатлив бренд за сокови ВИВА, преку кампањата „Направи го секој миг незаборавен!“, нè потсетува колку се значајни оние мали секојдневни задовоства во кои се крие суштината на животот. Токму преку видеото кое е дел од платформата „Вива. Голтка среќа.“, стигнува пораката дека голтка љубов и голтка среќа е сè што ни е потребно за совршен ден.
Како би го опишале вашето совршено утро? Чаша сок од капина зачинет со прегратка и милион бакнежи од саканиот? Утринско вежбање и мултивитамински сок кој ви ја дава потребната енергија? Сок од портокал за најмалите и бескрајна љубов секое утро додека ги подготвувате за училиште? Брзиот начин на живот, секојдневните обврски и надворешните случувања понекогаш прават да заборавиме на слатките нешта во кои се крие формулата на среќата. Токму затоа, ВИВА сокови се тука да нè потсетат на малите задоволства кои ни ги носи животот.
Како неизоставен дел од нашето секојдневие, ВИВА производите ни ја пренесуваат среќата, енергијата, уживањето и задоволството од секоја голтка ВИВА сок!



