Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бекам го предаде својот Инстаграм на украинска докторка: Погледнете како изгледа нејзиниот ден во Харков

Магазин

Бекам го предаде својот Инстаграм на украинска докторка: Погледнете како изгледа нејзиниот ден во Харков

Фудбалската легенда Дејвид Бекам (46) во неделата ја предаде контролата на својот профил на Инстаграм и неговите 71 милиони следбеници на украински лекар во градот Харков, кој е разурнат од војна.

Сè е прикажано во Инстаграм стори на неговиот профил.

Во текот на денот, Ирина, педијатриски анестезиолог и раководител на регионалниот центар во Харков, објави трогателен извештај за секојдневниот живот во вториот по големина град во Украина, Харков, кој е уништен од бројни ракетни напади.

 

На снимката се гледа како таа го обиколува слабо осветленото подземје каде што новите мајки ги чуваат своите бебиња на импровизирани болнички кревети на многу мал простор.

-Од првиот ден кога започна војната, сите трудници и мајки беа евакуирани во подрумите. Додека ние на должност моравме да научиме да работиме со секојдневното бомбардирање – вели таа во видеото.

-За жал, не можеме да ги однесеме оние деца кои се на интензивна нега во подрум, бидејќи им треба многу медицинска опрема за да ги спаси и воопшто да ги одржи во живот – додаде таа.

Таа изјавила дека лекарите работеле цело време од првиот ден на руската инвазија.

-Работиме 24 часа на ден, седум дена во неделата – рече таа.

Бекам е еден од најпознатите поранешни фудбалери во светот, а тој е и амбасадор на УНИЦЕФ, агенција на ОН која се повеќе се обидува да стави акцент на помагањето на децата и семејствата во Украина разурната од војна.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.