Магазин
Внимателно со храната – како да спречите прејадување по велигденските пости
По велигденските пости, оброкот почнете го со супа, со помалку сол и со лимонов сок или со сок од домати. Вака приготвена, супата ќе поттикне освежување на целиот организам.
Дозирање
Изберете помала чинија и до половина наполнете ја со свежа салата, а втората половина поделете ја на две четвртини. Едната четвртина треба да содржи месо, риба или јајца, додека втората треба да биде составена од ориз, грав, тестенини или парче леб.




