Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во познатиот православен манастир Сумела откриена тајна капела

Занимливости

Во познатиот православен манастир Сумела откриена тајна капела

Речиси две години трае реконструкцијата на еден од најважните и најстари православни манастири Сумела во Турција, при што во северниот дел на објектот е пронајден таен тунел кој води до мала капела.

Весникот „Хуриет“ јави дека капелата е насликана со фрески чија тема се рајот и пеколот, животот и смртта. Иако не е во добра состојба, се очекува за јавноста да биде отворена следното лето.

Според локалните власти за култура во турскиот град Трабзон, реставрацијата се изведува во тешки услови. Сепак, посетителите на манастирот по неколку години конечно ќе имаат можност да го посетат секој негов агол откако специјалните тимови ќе ги отстранат и обезбедат опасните карпи кои водат до новооткриената капела.

Сумела е грчки православен манастир посветен на Богородица и се наоѓа на планината Мела во провинцијата Трабзон во Турција. Тој претстaвува едно од најважните православни светилишта во светот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.