Занимливости
Дмитриј Рогозин вдоми куче од научен експеримент
Рускиот заменик премиер Дмитриј Рогозин вдоми јазовичар по име Николас, врз кого научници од Фондацијата за напредни студии тестираа технологија за дишење во течност.
– Николас имаше среќа, Рогозин ќе го однесе дома, изјави раководителот на проектот за „течно дишење“, Антон Тончин.
Рогозин веќе има германски овчар, така што ова ќе биде второ куче во неговото семејство.




