Занимливости
За да станете милионер треба 45 години да заштедувате по два долари дневно
Многумина веруваат дека единствен начин за да се стане милионер е да се наследи имот од некој богат предок или да се добие премија на лотарија.
Меѓутоа, американскиот финансиски советник Дејвид Беч не се согласува со ваквото мислење и изработи план за тоа како да се стане милионер до 65-та година од животот преку штедење,
– За да се стане богат потребно е системско штедење и добар инвестициски план. Не ви требаат многу пари за да стекнете богатство, тврди Беч во својата книга „Паметните двојки стануваат богати“.




