
Занимливости
„Жежок бакнеж“ меѓу Бергузар Корел и Кенан Имирзалиоглу, се огласи сопругот
Халит Ергенч одговори на коментарите кои ги преплавија социјалните мрежи по сцените каде неговата сопруга е во страсна прегратка со згодниот актер Кенан Имирзалиоглу.
Сцените кои ја разбрануваа јавноста се од популарната серија Карадај во која Бергузар ја толкува улогата на преубавата судијка Фериде која се вљубува во синот на човекот што го суди, Махир Кара толкуван од Кенан.
“Мојата сопруга Бергузар Корел е актерка. Не можам да кажам дека се работи за бакнување затоа што тоа е сцена, дел од улогата. И јас како актер сум бакнал многу жени затоа што тоа било така предвидено во сценариото. Никогаш не би и се мешал на Бергузар во изборот на улоги врз основа на тоа дали има или не бакнување во сценариото. Тоа би значело дека не и верувам – изјави Халит кого македонската јавност го засака како Онур од „1001 ноќ“, а го обожуваше во улогата на Султанот Сулејман во „Величествениот век“.



