Занимливости
ХИТ НА ТВИТЕР: Медицинска сестра тврди дека по вакцинацијата станала магнет (ВИДЕО)
Деновиве актуелно на социјалните мрежи, а особено на виралната мрежа Тик Ток, се видеа во кои луѓето тврдат дека вакцината против Ковид-19 ги „магнетизирала“.
Една од нив е и медицинска сестра од Охаја, која своето тврдење го изнела дури и пред министерството за здравство, а се обидела да го докаже истото прилепувајќи клуч и шнола на вратот.
– „Можете ли да го објасните ова?“, прашала Џоана пред да ѝ пропадне демонстрацијата.




