Занимливости
Црвениот тепих од фестивалот во Кан се продава за едно евро по килограм
Црвениот тепих од скалите на зградата каде што се одржува Канскиот филмски фестивал се менуваше секој ден од 13 до 24 мај, сè додека траеше настанот, а сега се нуди на продажба по цена од едно евро за килограм.
Тон и пол црвен синтетички материјал, по кој годинава газеа многу ѕвезди од светската кинематографија, добива нов живот во Марсеј во рацете на стилисти, за потребите на театарските компании или модните ревии, пишува францускиот „Ле Фигаро“.
„Го продаваме како „едноставен, фин црвен филц тепих“, а не како „Кански тепих“, објасни за медиумите Жан Ре, координаторка на „Резерв дез Артс“, здружение кое рециклира отпад за креативни цели.





