Занимливости
Најпродавани автомобили во Европа – „Dacia Sandero“ повторно на врвот!
Според најновите податоци на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), продажбата на нови автомобили во Европа (ЕУ, Велика Британија и ЕФТА) бележи пад од 2,1% во јануари 2025 година во споредба со истиот месец лани, со вкупно 995.271 продадено возило.
🔋 Раст на електричните возила, пад на традиционалните мотори
Иако вкупната продажба е во благ пад, електричните возила (EV) бележат раст од 37%, со регистрирани 121.000 единици, што ги носи на 15% од пазарот.
✅ Хибридните модели забележале пораст од 18,4%, додека
❌ Plug-in хибридите забележале пад од 8,5%.
❌ Бензинските и дизел возилата се со намалена продажба од 20,5% и 2,5% соодветно.




