Занимливости
Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7: Дизајн кој се вклопува во твојот свет и твојот џеб
Еве го моментот кој го чекавте! Samsung Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7 се тука и ја носат револуцијата во светот на мобилните телефони. Овие нови телефони не се само уреди, тие се стилски изрази кои го дефинираат твојот живот, со функциите и технологиите кои ќе го направат секој момент поинтересен и пофункционален. Без разлика дали си љубител на минимализмот или уживаш во новите, иновативни форми, оваа серија телефони е направена баш за тебе.
Galaxy Flip7: Модерен и Практичен
Започнуваме со Galaxy Z Flip7, телефон на преклоп кој носи нова димензија на стил и функционалност. Со елегантен и компактен дизајн, Galaxy Z Flip7 се вклопува лесно во твојот џеб или ташна, но кога ќе го отвориш, откриваш неверојатен екран и технологии кои го прават секој ден полесен. Од автоматското прилагодување на светлината до адаптивниот начин на работа, Galaxy Z Flip7 ги разбира твоите потреби и реагира веднаш.

Galaxy Fold7: За љубителите на големиот екран
Ако си љубител на поголем екран и поголеми можности, Galaxy Z Fold7 е резервиран само за тебе. Со својот иновативен преклопен дизајн, Galaxy Z Fold7 има еден од најголемите екрани на мобилен телефон. Тој се отвора во целиот свој сјај, давајќи ти просторно искуство за гледање, работа или играње на целосно ново ниво. И, најдобрата работа? Тој е и премиум и пренослив, така што можеш да го носиш во секојдневните авантури.
Try Galaxy: Пробај го телефонот пред да донесеш одлука
Не си сигурен кој модел ти одговара? Апликацијата Try Galaxy ти овозможува да ги “пробаш” Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7 без да купиш веднаш. Преку виртуелни демо -презентации, можеш да ги испробаш сите карактеристики и да видиш кој телефон најдобро ти одговара. Можеш да истражиш нови AI функции, да се запознаеш со дизајнот и да ја искусиш врвната технологија на Samsung,но пред сè од удобноста на твојот дом.

Gemini AI: Телефон кој работи за тебе
Со вградената Google Gemini Advanced вештачка интелигенција, Galaxy Flip7 и Galaxy Z Fold7 се не само телефони, туку и паметни уреди кои ги прилагодуваат функциите според твоите навики. Без разлика дали се работи за автоматско прилагодување на светлината, оптимизација на батеријата или претходно предвидување на твоите активности, AI технологијата ќе ја направи твојата мобилна врска поинтелигентна и поефикасна. Телефонот ќе стане твој личен асистент кој работи за тебе.
Безбедност на највисоко ниво
Не треба да се грижиш за безбедноста на твоите податоци. Со Samsung Knox, твоите информации ќе останат заштитени од сите можни закани. Knox обезбедува повеќеслојна заштита, која започнува од хардверот и продолжува со апликациите. Заштитата на податоците на Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7 е една од највисоките, што значи дека твоите лични податоци и важни информации секогаш ќе бидат безбедни.

Вашите нови паметни партнери
Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7 се направени за денешната генерација – за тебе, кој бараш најдобро од технологијата, но исто така и стил кој ќе го истакне твојот начин на живот. Со премиум дизајн, интуитивни AI функции и највисока безбедност, овие телефони се твојот нов паметен партнер кој ќе го промени начинот на кој ја доживуваш технологијата. Сакаш да си ултра модерен, ултра иновативен и ултра уникатен? Сега е време да го пронајдеш телефонот кој е совршен за тебе. Со новиот Galaxy Flip7 и Galaxy Fold7 ќе бидеш секогаш во тренд и главен во друштво. Во овие жешки летни денови освежи се со нов мобилен и зачувај ги најубавите авантури. Кликни, нарачај и биди ИН во секое време со Galaxy Flip7 и Galaxy Fold7
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.




