Занимливости
Јадете со прибор, не со раце – ново истражување открива интересни факти
Јадењето со прибор и правилно сервирана храна може да биде клучот кон поздрав начин на исхрана и ефикасна контрола на телесната тежина, покажува ново јапонско истражување.
Според резултатите на студија на Универзитетот „Фуџита“ во Јапонија, малите, индивидуални порции и употребата на прибор за јадење имаат големо влијание врз нашите навики – поттикнуваат побавно јадење, повеќе џвакања и на крај – чувство на ситост со помалку храна.
Во истражувањето биле вклучени 41 возрасен учесник, кои во текот на 12 недели пробале три типа оброци. Разликите биле во начинот на сервирање и како се консумира храната – со раце или со прибор. Резултатите биле јасни: оние кои јаделе со прибор и од посебно сервирани порции трошеле значително повеќе време на оброкот и џвакале повеќе пати, во просек и до 216 секунди подолго.
Научниците користеле видеоснимања и специјални алатки за мерење на „залчињата“ и темпото на јадење. Она што се покажало како особено важно е дека не е пресудно само што јадеме, туку и како јадеме. Оние кои јадат побрзо и со раце, како кај брзата храна, несвесно внесуваат повеќе калории.
Дополнително, возраста и полот (машки учесници) се покажале како фактори кои влијаат врз брзината на јадење – постарите и жените генерално јадат поспоро.
Експертите препорачуваат дека овие мали промени – организирање на оброците во мали порции, употреба на прибор, и свесно темпо на јадење – може да бидат ефикасен начин за справување со дебелината и спречување на метаболички нарушувања, без потреба од рестриктивни диети.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.




