КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ: Што се случува во нашето тело за време на дехидрација?
Водата сочинува меѓу 55 и 65% од нашето тело и е од суштинско значење за сите животни процеси како размислувањето, крвотокот и движењето на мускулите.
Но, што ќе се случи доколку ја игнорираме жедта? Дехидрацијата е процес кој се разликува од личност до личност и зависи од многу фактори – состојбата на вашето тело, колку сте активни, надворешната температура и колку се потите. Но, едно е сигурно, кога ќе се стигне до одреден степен, може да стане доста опасно за брзо време.
Фаза 1: Жед
Во првата фаза на дехидрација губиме околу 2% од својата тежина. Кога се јавува жед, телото почнува да се потпира на залихата од течности. Бубрезите испраќаат помалку вода до мочниот меур, поради што урината станува потемна. Помалку се потиме, поради што температурата на телото се зголемува, а крвта станува погуста и се успорува крвотокот. Со цел да се задржи нивото на кислород во телото, се забрзува работата на срцето.




