fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Неколку важни работи кои треба да ги проверете во вашиот автомобил во зима!

Занимливости

Неколку важни работи кои треба да ги проверете во вашиот автомобил во зима!

Маркетинг

Неколку важни работи кои треба да ги проверете во вашиот автомобил во зима!

Со оглед на фактот дека  временските услови во зима  значително влијаат на безбедноста на патниот сообраќај, особено важно е  возилото да биде  технички исправно.

Затоа,  пред да тргнете на долго патување во зима, најпрвин потребно е да направите техничка проверка на возилото и тоа: 

  • Проверка на гумите

Како што опаѓа надворешната температура, така се намалува и притисокот во гумите. Осигурете се дека притисокот во секоја гума е согласно препорачаниот притисок за возилото. Проверувајте го притисокот на воздухот во гумите кога се ладни, што значи кога автомобилот не е управуван најмалку три часа. 

Проверувајте ги гумите најмалку еднаш месечно и пред секое долго патувања. Не заборавајте да ја проверите и резервната гума.

Треба да  ги прегледате гумите и да проверете за евентуално нивно оштетување. Проверете ја шарата и страничните ѕидови да не имаат какви било исеченици, дупки, испакнатини, стружења, пукнатини или испакнатини. Во случај да видите каква  било штета, oднесете го вашето возило кај професионалец за сервисирање гуми за понатамошна контрола.

Проверете ја староста на секоја гума. Некои производители на возила препорачуваат гумите  да се менуваат на секои пет години без оглед  на тоа колку се употребувани. 

Не заборавајте, во зима најдобро и најбезбедно е да возите со зимски гуми.

  • Бришачи и  грејачи

Бидете сигурни дека работат грејачите во возилото, грејачите на ветробранското стакло и бришачите. Добрата видливост на патот е клучна за безбедно управување на возилото. Поради неисправни грејачи или бришачи многу често во зима доаѓа до замаглување на ветробранското стакло или до несоодветно чистење на стаклото при врнежи од дожд или снег. Затоа отстранете ги неисправните и истрошените бришачи и  можеби не е лошо да размислите за монтирање на тешки зимски бришачи, особено ако патувате во области  каде што  има многу снег и мраз.

Осигурете се дека резервоарот  за течност за бришачите е полн со висококвалитетна „зимска“ течност за бришачите.

  • Систем за ладење

Проверете дали имате доволно течност за ладење во моторот на вашето возило и дали течноста одговара на надворешните температури и  на спецификите на системот за ладење на возилото. Вие или механичар треба да проверите дали има протекување на системот за ладење, да ја тестирате течноста за ладење и да ја замените старата течност за ладење  доколку има потреба.

  • Сервис на возилото

Посетете го вашиот механичар и проверете дали има протекување, истрошени црева или други потребни делови, поправки и замени.

  • Акумулатор

Кога температурата паѓа, паѓа и енергијата на батеријата.  Во зимски услови и ниски температури потребно е поголема енергија од батеријата за да го стартувате возилото. Нека вашиот механичар го провери акумулаторот, системот за полнење и ремените и нека ги направат сите потребни поправки или замени. 

  • Светла

Проверете ги фаровите, светлата за сопирачките, трепкачите, трепкачите  за вонредни состојби и внатрешните светла.

  • Знајте се за вашиот автомобил–прочитајте го прирачникот за возилото

Прочитајте го упатството за вашето возило за да се запознаете со безбедносните карактеристики на возило – како што се сопирачките и електронската контрола на стабилноста– и информирајте се како функционираат во зимски  услови. 

  • Помошен алат

Лопата, метла, стругалка за мраз, спреј за одмрзнување на  брави, кабли за акумулатор, кофа со песок, фенерче, ќебе, мобилен телефон со  полнач, вода, храна и каков било неопходен лек, резервен клуч…. Сите тие работи може да ви завршат голема работа кога  патувате во зима и се наоѓате во некоја непријатна ситуација. 

РСБСП со совети:  Направете задолжителна техничка проверка на возилото во зима и пред да тргнете на подолг пат во зима задолжително информирајте се за условите на патот и за временската прогноза. 

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.