Технологија
Кинески блогер ja тестираше Tesla со автопилот: Еве колку казни собра за една ноќ! (ВИДЕО)
Кинескиот блогер Чен Жен предизвика бурни реакции на социјалните мрежи откако во текот на едно ноќно возење во Пекинг собра седум сообраќајни казни тестирајќи ја новата кинеска верзија на „Full Self-Driving“ (FSD) системот на Tesla.
На 26 февруари, Чен објави видео на платформата „Weibo“, прикажувајќи како Tesla се снаоѓа на улиците на кинеската метропола. Резултатот? Возење по велосипедска патека, преминување на полна линија и погрешно поминување низ лента за вртење – сите завршени со казни.
Дали возачот или Tesla сноси одговорност?
Блогерот посочи дека системот во моментов е на ниво 2 на автономија, што значи дека возачот мора постојано да биде подготвен да преземе контрола и е одговорен за сите прекршоци.




