НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД: Новиот филм за Џејмс Бонд заработи преку 119 милиони долари само преку викендот
„Не е време за умирање / No Time To Die“, односно новиот филм за Џејмс Бонд изминатиот викенд и премиерно беше прикажан во 54 земји и заработи 119 милиони долари, што е најголема заработка за еден филм од почетокот на пандемијата.
Најголеми суми Џејмс Бонд заработи во Обединетото Кралство, каде што филмот постави рекорд од 34,8 милиони американски долари.
Новиот 25. филм за Бонд руши рекорди по само еден викенд прикажување и е рангиран на шестото место на сите времиња во Велика Британија.




