Орландо Блум сурфа во друштво на бела ајкула (ВИДЕО)
Актерот Орландо Блум (44) на својот Инстаграм објави видео како додека се наоѓа на даска за сурфање околу него кружи бела ајкула.
Орландо со својот пријател се движел низ водите на Пацификот крај брегот на Малибу, кога локален фотограф го снимил застрашувачкиот момент.




