Занимливости
РАБОТА ОД ДОМА: Како да ги префрлиме навиките за работа од канцеларија во аголот од дневната соба
Веќе станува нормална пракса многу македонски компании од практичен аспект да се одлучуваат за полиберални правила за начинот на работата и даваат поголема слобода за изборот на локацијата на своите вработени за извршување на обврските. Сепак најважната цел за секоја компанија е работата да биде завршена.
Како што нашата земја се соочува со епидемијата од коронавирусот, многу работодавци им овозможија на своите вработени, со брз интернет, современа технологија – паметни телефони, компјутери или таблети да го претворат својот дом во свое работно место. Така што бројот на лица кои работат од дома во последните недели дефинитивно се зголеми и стана значително поголем.
Дигиталните номади одамна се навикнати на таков животен стил, меѓутоа, што е со овие кои прв пат се среќаваат со овој предизвик? Еве неколку совети како и со работа од дома да бидете продуктивни, ефикасни и релаксирани, колку што е можно повеќе.




