Како децата да поминат квалитетно време во изолација
Речиси и да нема родител на дете од градинка, кој овој период на вонредна состојба не се прашува – како да го занимава, но и како да го скроти своето малечко, односно како да минат квалитетно време во изолација, а тоа сепак да не бидат само цртани филмови, таблети и мобилни телефони.
Гордана Радојчиќ, директорка на приватна градинка во Белград, пред сѐ, советува – останете дома! Останете доследни во изолација со своите деца!
За квалитетно искористување на времето дома, таа ги препорачува оние забавни, но и едукативни Јутјуб-емисии, кои се корисни и за децата и за родителите и коишто практично покажуваат што всушност децата прават в градинка секојдневно. Но, исто така, таа ги повика родителите да не заборават на својата строгост.




