Занимливости
Турскиот Бред Пит, Киванч Татлитуѓ, откри како го избрале името на новороденито син
Киванч Татлитуѓ, главниот лик во серијата „Украдено минато“ на Dizi, веќе цел месец го доживува чувството на татковство, со среќата што го дава ова ново искуство како родител. Тој конечно го даде своето прво интервју во најважната улога во животот – улогата на татко.
Но, покрај убавата вест за раѓањето на неговиот син, она што веднаш паѓа во очи кај новиот татко и познат глумец на неговиот Инстаграм профил е неговиот нов имиџ без мустаќи.
Не премиерата на неговиот најнов проект, Киванч со неговиот нов стил го сподели чувството и досегашното искуство со малиот син Курт Ефе. Тој изрази голема благодарност за топлиот одзив на публиката по повод раѓањето на синот и зборуваше и за неспоредливото чувство што му го дал неговиот син, велејќи: „Ова е најубавото чувство на светот, не можам да најдам зборови!“





