Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Воз без возач? Да, Чешка го направи тоа!

Занимливости

Воз без возач? Да, Чешка го направи тоа!

Во Чешка започна редовно да сообраќа „Едита“, првиот патнички воз кој целосно се движи без човечка интервенција. Овој технолошки иновативен проект е дело на компанијата AZD Прага, која во развојот вложи повеќе од осум милиони евра, со поддршка од Европската Унија.

Возот „Едита“ претставува нова етапа во развојот на паметниот железнички сообраќај, бидејќи за разлика од досегашните автономни системи кои функционираа само во контролирани средини, како метрото, тој успешно се движи во реални услови.

Опремен со камери, ласерски сензори и систем базиран на вештачка интелигенција, „Едита“ има способност да ги препознае и избегне пречките на пругата, да реагира на промените во времето, како и на животни или непредвидливи ситуации на терен.

Маркетинг

Системот за управување е изграден според Европскиот систем за контрола на возови (ETCS), што гарантира највисоки стандарди на безбедност. Засега, возот редовно сообраќа првиот викенд во месецот, низ релацијата Копидлно, а целта е постепено да се воведе во поширока употреба на европските железници.

Со ова, Чешка стана една од првите земји во Европа што во пракса демонстрира автономен воз во отворен сообраќај, што е чекор поблиску до иднината на паметниот транспорт.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.