Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Слатка одмазда по повеќе од 20 години: Хали Бери го бакна Адриен Броди на црвениот тепих на Оскарите

Шоубиз

Слатка одмазда по повеќе од 20 години: Хали Бери го бакна Адриен Броди на црвениот тепих на Оскарите

Хали Бери и Адриен Броди рекреираа еден од најнезаборавните моменти од Оскарите во 2003 година – нивниот бакнеж на сцената откако му беше доделена златната статуетка за неговата улога во филмот „The Pianist“. Актерката тогаш откри дека и таа, исто како и гледачите, била целосно изненадена од потегот на американскиот актер и дека бакнежот воопшто не бил планиран, а сега – 22 години подоцна – решила да му возврати на оскаровецот.

Имено, на црвениот тепих, Хали го изненади Броди со бакнеж во уста, пред неговата девојка Џорџина Чепмен. Дека ова беше добра шега меѓу двајца актерски колеги, многу јасно се гледа од нивната насмевка и пријателска прегратка, а подоцна 58-годишната актерка на својот Инстаграм откри дека тоа е мала одмазда за моментот од 2003 година.

Маркетинг

Актерката раскажа како чекала 21 година за да го „фати“ на црвениот тепих и да го бакне. Таа подоцна изјави за Variety дека ова е прва церемонија на која го сретнала од 2003 година.

„Тоа беше ноќ и за него и за мене. Морав да му вратам вечерва. Го гледав на забави, но ова е прв пат од таа вечер да го видам на црвениот тепих”, рекла таа.

Во видеото кое таа го објави на социјалните мрежи, двајцата актери се среќаваат на црвениот тепих пред манифестацијата. Хали ѝ се извинува на Џорџина и го бакнува Адриен.

„Изненадување! Морав да се реванширам“ – напиша таа.

Адриен Броди го освои својот втор Оскар за најдобар актер на овогодинешните награди, овој пат за филмот „The Brutalist“.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.