Магазин
Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета го слави нејзиниот платинест јубилеј
Кралицата Елизабета Втора е британскиот владетел со најдолг стаж и оваа година кога одбележува седум децении владеење, целата нација го слави нејзиниот платинест јубилеј од 2 до 5 јуни. Четиридневната церемонија ќе биде одбележана со воени паради, бројни концерти, раскошни гозби и свечени поворки во чест на кралицата.
Илјадници луѓе со нетрпение го очекуваа почетокот на прославата на платинестиот јубилеј, а некои дури ноќта ја минале и во шатори пред Бакингемската палата. Меѓу овие луѓе не се само Британците, туку и жителите на многу други земји во Европа и светот кои сакале да присуствуваат на овој дел од историјата, пишува Би-Би-Си.




