Занимливости
Започнува борбата за најдобриот бургер во Скопје
Од 10 до 16 декември, вкупно 10 локали во Скопје ќе учествуваат во „Burger Wars“, натпревар во кој победникот ќе биде прогласен за ресторан со „Најдобар бургер во Скопје“.
Од 10 до 16 декември, вкупно 10 локали во Скопје ќе учествуваат во „Burger Wars“, натпревар во кој победникот ќе биде прогласен за ресторан со „Најдобар бургер во Скопје“.
Натпреварот ќе трае една недела и многу од рестораните натпреварувачи ќе нудат бургери по промотивна, намалена цена, а гостите-гласачи ќе учествуваат во наградна игра за бургер-ваучери и други награди.
Изборот на победникот ќе биде направен преку гласање на гостите во рестораните, со оценување на бургерите на скала од 1 до 10, и од страна на четири-членото жири составено од Гоце САФ, Софка Камилоска, Бобан Симоновски и Моника Потер.




