Магазин
Зеленски се обрати на доделувањето на Греми наградите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати моќна однапред снимена порака на доделувањето на Греми наградите.
„Нашите музичари носат панцири наместо смокинг“, им рече тој на ѕвездите меѓу кои Лејди Гага и Џастин Бибер, мислејќи на тековната војна со Русија. „Тие им пеат на ранетите во болниците, дури и на оние кои не можат да ги слушнат. Но, музиката ќе се пробие.“
Тој ги повика музичарите да ја „пополнат тишината“ што ја оставија руските бомби „со нивната музика“.




