Занимливости
Жена на своето куче во наследство му остави 2,5 милиони долари
Една постара италијанска дама, целиот свој имот во вредност од 2,5 милиони долари го препиша на нејзиното сакано куче. Одлуката на 84-годишната жена, која живее со ќерката и неколку внуци, ја соопшти нејзиниот адвокат Лучио Еспосито.
Според тестаментот, нејзиното куче Кико ќе наследи два стана, неколку имоти и повеќе сметки во банка. Според зборовите на адвокатот, госпоѓата оваа одлука ја донела брзо после смртта на нејзиниот сопруг. Адвокатот рече дека тестаментот го потпишала своерачно.
