Занимливости
Зошто дождот мириса толку убаво?
Уживате во мирисот на свежината по пролетен дожд? Не сте единствени. Но, што го предизвикува тоа пријатно чувство, прашува „Лајв Саенс“.
Постојат неколку мириси, предизвикани од дождот, кои им се пријатни на луѓето. Еден од нив се појавува токму кога дождот паѓа првпат по подолга суша. Тогаш се случува хемиска реакција, која првпат е идентификувана во 1964 година од двајца австралиски научници.
Се претпоставува дека во сушниот период, некои растенија испуштаат масни екстракти во воздухот. Освен тоа, можно е мирисот да се должи и на одделувањето на супстанции произведени од една бактерија што вирее во почвата.




