Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

649 евра за новиот Ајфон 7!

Мобилни

649 евра за новиот Ајфон 7!

Епл го претстави своето ново „чедо“. Дали е вредно за вашето внимание? Секако, да!

На помпезната најава за случувањето одржано на 7 септември во Купертин, само како што Епл знае и умее, беа претставени два нови модели од најпосакуваниот мобилен уред во светот, Ајфон 7 и Ајфон 7 Плус.

Дали е навистина „кул“ или не, времето ќе покаже, но тоа што прво го забележавме е фактот што новиот модел на Ајфон нема 3.5 милиметарски влез за слушалки!

Имено, Епл одлучи да не остави простор за оваа мала, непотребна работа (како што тие велат), туку претставија нов вид на слушалки кои ќе работат со нивниот телефон – Ерпод слушалките.

Овие слушалки се поврзуваат со помош на лајтнинг конектот и преку Ајклауд сервис, а ќе имаат и вградени сензори и ќе емитуваат музика само кога корисникот ќе ги стави во уши.

Освен тоа, Епл во новиот Ајфон вгради и посебни стерео звучници, кои ќе донесат ново задоволство и погласен звук при слушањето музика.

Двата модела, Ајфон 7 и Ајфон 7 Плус се отпорни на вода и прашина, што им дава можност на корисниците скоро секаде да можат да работат на својот омилен мобилен уред.

И хоум копчето доби редизајнирање, а вградени се и две посебни камери во Ајфон 7 Плус моделот, со кои се потврдува дека Ајфон моментално ја има најдобрата мобилна камера во светот.

Предната камера има 7 мегапиксели, а задната 12 мегапиксели, а корисниците на Ајфон 7 Плус ќе може да сликаат со двете камери, правејќи ефект на зум и длабочина на фотографијата.

Ајфон 7 ќе чини исто како и неговиот претходник Ајфон 6С кога се појави на пазарот – 649 евра за верзија од 32 GB. Исто така, достапни се и модели со 128 и 256 GB. Цената на Ајфон 7 Плус изнесува 749 евра за 32 GB, а исто така, ќе бидат достапни и модели со 128 и 256 GB.

 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.